Во рамките на Vita Nova Innovation Days 2025

02 Νοεμβρίου 2025

Во рамките на Vita Nova Innovation Days 2025, кои се одржаа од 28 до 30 октомври, Македонија беше дел од европската иницијатива EIT Food, ко-финансирана од Европската Унија.

Настанот обедини експерти, истражувачи и иноватори со цел развој на одржливи решенија за иднината на храната и земјоделството.

Пртседателот на Сојуз на стопански комори д-р Горан Ѓорѓиевски беше говорник на финалниот настан на EIT за подигање на свеста за храната,заедно со Д-р Светлана Коларик – државен советник за безбедност на храната, Агенција за храна и претставник од ИНОВА – Национална агенција за иновации .

,,Развојот на иновативноста и иновациите во образовниот процес кои ќе имаат дополнителна поддршка од реалниот бизнис сектор овозможува поголема доверба на младите во домашните компании во кои ќе го развиваат нивниот кариерен развој.

Сојузот на стопански комори на Македонија во оваа насока ја создаде групацијата за стартап компании и силно работи да ги стимулира своите членки кои се микро и мали компании да соработуваат со високо образовните институции во Македонија.

Само на овој начин ќе градиме мостови на соработка и креирање на образовни програми кои се потребни во македонската индустрија значајни за нејзиниот раст и развој,,истакна Ѓорѓиевски

Macedonian Chambers of Commerce - Сојуз на стопански комори на Македонија

Goran Gjorgjievsk